Интровертноста е најчесто одговорна зошто не ги правите сите работи што би сакале да ги направите. Понекогаш се срамите да ги признаете чувствата што ги имате кон некоја личност, да носите мини здолниште или да одите на одмор со пријателите што сè уште не ги познавате доволно за да се чувствувате целосно опуштено во нивно друштво. Оваа вознемиреност што ја чувствувате секој пат кога ќе се впуштите во нешто ново или непознато, ја преживувате и во креветот, во моментите кога партнерот ќе побара од вас да направите нешто ново на коешто не сте навикнати. Поради тоа што чувствувате страв, одбивате да прифатите нови работи. Иако тајно сакате да пробате многу нови работи и во креветот и надвор од него, најчесто немате доволно самодоверба и верба во себе за такво нешто и се откажувате во последен момент. Дури и ако се чувствувате опуштено со партнерот, но ако не се чувствувате добро во сопствената кожа, навистина е тешко да се впуштите во нешто ново и да експериментирате во креветот. Од каде доаѓа срамежливоста? Проблемот е во тоа што многу се плашите да бидете осудени. Сметате дека вашиот партнер може да помисли дека не изгледате добро во некоја поза или дека не правите добри движења. Но, дали вие размислувате на тој начин додека имате секс или едноставно се препуштате на задоволството и на страста што ја чувствувате? Кога ќе дојде време да пробате нешто ново, се чувствувате стегнати, па дури и посегнувате по алкохолот само за да се опуштите и да имате поголема самодоверба. А, понекогаш и го исклучувате светлото и го засилувате звукот на радиото. Оној кој страда од срамежливост обично нема иницијатива, а партнерот е тој што постојано предлага разни игри и нови места. Како да го надминете овој страв? За да може овој проблем успешно да се реши, неопходно е да разговарате отворено со партнерот и да најдете решение заедно со него. Исто така, размислете што е тоа што му се допаѓа на вашиот партнер кај вас, а не само како се чувствувате вие самите. Соочувањето со овој проблем е полесно отколку што изгледа. На прво место, треба да ги промените мислите што ве спречуваат да пробате нешто ново. Ако престанете да размислуваме за сексот како да е испит каде што некој постојано ќе ве анализира и ќе ве критикува, тогаш проблемот е половина решен. Мислете на тоа дека помеѓу вас постои доверба и погледнете го вашиот партнер во очи, а тоа ќе ви помогне да се опуштите и да се чувствувате поудобно за време на интимните односи. Запомнете дека ако партнерот води љубов со вас, тогаш тоа мора да биде затоа што му се допаѓате и вие и начинот на кој го правите тоа. Нема апсолутно никаква оправдана причина зошто сметате дека нему не му се допаѓа тоа што го правите. Разговарајте многу за оваа тема и за тоа што ви се допаѓа во креветот и што не ви се допаѓа. Така ќе бидете сигурни дека не грешите, но и да погрешите не е крај на светот. Секој прави грешки понекогаш. извор: kafepauza.mk
Како да ја победите срамежливоста за време на сексуалниот однос?
Драма во автоперална во Скопје: Попречувале полицајци во извршување на работни задачи
МВР денеска соопшти дека вчера во 14.00 часот во автоперална на ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода П.Б и О.З., бидејќи при асистенција за отстранување на бесправно изграден објект ги попречувале полициски службеници во извршување на работни задачи. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Без победник на „Вестфален“
РБ Лајпциг остана непоразен на тешкото гостување кај Борусија Дортмунд, откако во луд меч успеа да извлече 3:3 реми. Дортмунд успеа да дојде до одлично 2:0 водство во првото полувреме со головите на Јулијан Вајгл (23. минута) и Јулијан Брант (34. минута), но несфатливо во шест минути во второто полувреме дозволија Ред Бул да израмни. Тимо Вернер прво ја искористи катастрофалната грешка на голманот Роман Бирки во 47. минута да намали на 2:1, а во 53. минута „милионерите“ му дадоа нов подарок кога му ја вратија топката пред голот на Бирки за 2:2. Вернер повторно покажува дека е еден од најдобрите млади фудбалери, откако во само 23 меча за Лајпциг оваа година има 21 гол и 9 асистенции. Меѓутоа, веќе во 53. минута, фантастичниот Џејдон Санчо уште еднаш го покажа својот талент по одличното додавање од Марко Ројс да ја врати предноста на домаќините. Сепак, Лајпциг покажа дека е сериозен тим, откако во 78. минута по уште еден „сомнителен“ потег на Бирки преку Патрик Шик израмни на 3:3. Со поенот, Лајпциг останува прв на табелата со 34 поени, три повеќе од Борусија Менхенгладбах и четири пред Дортмунд на третото место. БУНДЕСЛИГА, 16.КОЛО Борусија Дортмунд – РБ Лајпциг 3:3 Аугзбург – Фортуна Диселдорф 3:0 Унион Берлин – Хофенхајм 0:2
Лош знак за Ливерпул, Астон Вила ги торпедира „резервистите“
Откако европскиот шампион Ливерпул реши да патува со својот прв состав на Светското клупско првенство во Катар, беше јасно дека од најмладиот тим на „црвените“ во историјата не може да се очекува да направи чудо во четврт-финалето на Англискиот лига куп и да ја елиминира Астон вила. Вила немаше милост кон јуниорите и со четири гола во првото полувреме им нанесе 5:0 пораз и се пласираше во финалето во второто по јачина куп-натпреварување во Англија. Со просечна возраст на тимот од 19 години и 186 дена и под водство на У-23 тренерот на Ливерпул, Нил Кричли, гостите едноставно немаа што да очекуваат на „Вила парк“. Ова стана јасно во првите 17 минути, кога прво Конор Хурихејн погоди за 1:0 во 13. минута, а потоа Морган Бојс, кој има само 18 години, си постигна автогол. Џонатан Коџија со двата гола во 37. и 45. минута го потврди патникот во полуфинале, пред Весли во 92. минута да ги постави конечните 5:0.
Бомба кашикара под “поршето“ на газда на два ноќни клуба во Скопје
Бомбата која утрово ги евакуираше средношколиците од средното уметничко училиште била ставена под возилото кое е сопственост на газда на два ноќни клуба во Скопје.
Според неофицијални информации на Фокус, „бомбата“ била кашикара и била ставена под автомобил марка „порше“, кој бил во негова сопственост.
Според сознанијата на Фокус, тој неодамна ја напушти политика и почна да се занимава со угостителство.
На истиот паркинг било паркирано и возилото на поранешниот директор на спортскиот центар Борис Трајковски, Ратко Капушевски, кој потоа беше управител во фирми на рускиот бизнисен Сергеј Самсоненко.
Капушевски, пак, тврди дека бил цел на закани.
Се огласи нападнатиот од Карпош: Не очекувавме дека со насилници ќе си имаме работа (ФОТО)
Јас вчера бев нападнат! Вчера на јавната презентација за дупот на Трнодол без повод и причина бев физички нападнат од лицето Саше Спасовски за негови блиски познат по прекарите Саше Амстердам и Буљаш. За последиците од нападот, поседувам лекарска документација, сведоци и Полициски записник од П.С Карпош, пишува Кире Атанасов на својот Фејсбук профил. -Ме нападна бидејќи побарав да се искажам, и побарав да ни отстапат место лицата кои не се дирекно засегнати од новиот дуп. Од моја страна немаше никаква реакција, и од општината никој не е повреден и нападнат ОСВЕН ЈАС! Не очекувавме дека со насилници ќе си имаме работа. Жалам што градоначалникот не беше присутен, и упорно во јавноста ја искривува вистината.
Медиумите велат дека се разведува, а таа објави провокативна фотографија: Славица е позгодна од било кога (ФОТО)
Српската пејачка Славица Чуктераш учествуваше во првата сезона „Ѕвезде Гранда“ откако оствари прилично добра кариера. Таа пред неколку години целосно се повлече од јавноста, се омажи за фудбалерот Владимир Аврамов, но денес српските медиуми шпекулираат дека Чуктераш се разведува од својот партнер. Вистина или шпекулација, тоа не влијае на Славица која изгледа одлично- таа на Инстаграм објави провокативна фотографија.
(ВИДЕО) Ловци на соништа – знаете ли зошто служат?
Верувате ли во индијанските ловци на соништа? Иако можеби не знаете која е нивната вистинска намена, по ова, сигурно ќе ги сакате во својата спална соба. Оригиналниот ловец на соништа бил изработен од гранка врба, исплетен со конец, а во форма на круг. Украсен бил со кожа од животни или со пердуви од птици. Кругот го симболизира дневното движење на сонцето. Пердувите се „здивот на животот“. И самите пердуви имаат значење – пердувот од був претставува мудрост, а пердувот од орел претставува храброст. Денес ловецот на соништа се користи како украс ширум светот и се користат пердуви од секакви птици, па затоа се верува дека немаат моќ како порано. Индијанците ги правеле ловците на соништа за бебињата за пердувите да им го привлекуваат вниманието кога се будни, ама и да ги чуваат од злото додека спијат. Легендата вели дека на почетокот на времето, Асибикаши (жената пајак), плетела ловци на соништа за секое новороденче во племето, ама како што племето се ширело на сите четири страни на светот ѝ било тешко да ги пронаоѓа. Затоа таа обврска на себе ја презеле идните мајки, баби, сестри, тетки… Која е неговата функција? Едно племе верува дека лошите соништа се заплеткуваат во мрежата и дека првите сончеви зраци ги уништуваат. Истовремено, убавите соништа преку предувите се спуштаат до тој што спие. Друго племе верува дека убавите соништа се фаќаат и се чуваат во мрежата, а дека грдите соништа исчезнуваат низ кругот во средината. Двете легенди на крајот се исти – идејата е детето да се заштити од лошите соништа и да го сочува само убавите. Легенда за пајакот и бабата Пајакот тивко ја плетел својата мрежа покрај креветот на бабата Нокомис. Таа секој ден го гледала како го прави тоа. Еден ден, нејзиниот внук ја прекинал во размислувањето кога тргнал кон него да го убие. „Немој да го повредуваш“, му рекла таа и го сопрела. „Зошто го штитиш пајакот?“ прашало момчето. Старицата се насмеала, ама не му одговорила. Кога детето си заминало, пајакот ѝ се приближил за да ѝ се заблагодари што му го спасила животот. „За возврат, сакам да ти подарам нешто“, рекол пајакот и се вратил кон мрежата. Набрзо се појавила месечината и со својата светлина поминала преку сребрената мрежа која благо се нишала на прозорецот. „Гледаш ли како плетам? Гледај и учи, затоа што секоја мрежа ги запира лошите соништа. Само убавите сни можат да поминат низ малата дупка во средината на мрежата. Ова е мојот дар за тебе. Користи го засекогаш да ги запомниш убавите соништа. Лошите соништа ќе се сплеткаат во мрежата и нема да те повредат“, рекол пајакот. Ако ви се допаѓаат старите индијански легенди, тогаш купете си или сплетете си ловец на соништа и тој ќе ве штити вас и вашето семејство. Како да го сплетете? Погледнете го видеото.
Кина направи воз кој вози во виртуелни шини
Футуристички воз кој вози на виртуелни шини почна да вози во Сишуан, Кина. Бизарниот концепт на локомотива која користи низа од сензори наместо традицинални пруги за првпат беше претставен пред две години, но почна да вози пред неколку дена.
Возот ART T1 ги следи димензиите на патот и си создава сопствена патека наместо да вози по фиксни шини. Ширината на невидливата пруга е 3,75 метри. Виртуелната железница се протега на должина од околу 18 км низ центарот на градот, а изградбата на возот чини околу 160 милиони евра.
За почеток во локомотивата на возот ќе седи човек, но нема да го вози. Неговата улога ќе биде да алармира во случај на некаков проблем или итен случај. Ако возот излезе надвор од зацртаните линии или се најде пречка на патот, возот автоматски ќе се префрли на управување од човек.

Навигацијата низ улиците е овозможена со комбинација од LIDAR и GPS, слично како автономните автомобили. Се очекува дека дневно возот ќе го користат до 10.000 патници, а кога ќе се поврзе на брзата железничка линија, тој број ќе се покачи на 25.000.
ART T1 ќе може да вози со максимална брзина од 70 км/ч. и да превезува по 300 патници одеднаш. Железничкиот систем ART или Autonomous Rail Rapid Transit го разви кинеската компанија CRRC Corporation Limited, која е еден од најголемите производители на возови во светот.
The post Кина направи воз кој вози во виртуелни шини appeared first on Иновативност.
Силен земјотрес во Кина, повредени најмалку 9 лица
Најмалку девет лица се повредени денеска во земјотрес со јачина од 5,2 степени што го погоди градот Нанџијанг во кинеската провинција Сечуан, јавуваат кинеските медиуми.
Земјотресот е регистриран во 8.14 часот по локално време.
Четири повредени лица се во критична состојба, соопштија локалните власти.
Земјотресот уништи 20 куќи, додека 11.968 домаќинства се без струја.
Повеќе од 2.000 луѓе, вклучувајќи полиција, служби за вонредни ситуации, пожарникари, учествуваат во спасувачката акција.
Седум нешта за водењето љубов што треба да ги знае секоја жена пред да наполни 30 години
Повеќето дами признаваат дека откриле каков е добриот секс дури откако наполниле 30 години, а за тоа има и едноставно објаснување. Имено, многу од нив дури тогаш се ослободуваат од срамежливоста, подобро се запознаваат себеси и се опуштаат.
- Побарајте го тоа што го сакате Мажите сè уште не ги совладале вештините за читање на мислите, затоа не очекувајте од нив да знаат што сакате. Наместо да бидете незадоволни од тоа што се случува под јорганот, кажете му на партнерот што сакате, што ве возбудува и за што фантазирате.
- Вревата е пожелна Вашите воздишки и вербалното изразување на задоволството, дополнително ќе ги разгори страстите.
- Мастурбацијата повеќе не е табу Ниту пак, е резервирана само за мажите. Опуштете се и запознајте го сопственото тело. Можеби ќе се изненадите колку е тоа возбудливо.
- Обидете се со нови нешта Рутината е одлична. Сè додека не стане смртоносно досадна. Ако веќе знаете како изгледа предиграта и како таа завршува – време е да пробате нешто ново. Не мора тоа да биде ништо екстремно, затоа што дури и најмалата промена може да ја разбуди заспаната заводничка во вас.
- Постојаното одбивање не е забавно Во ред е да одбиете секс ако не сте расположени за тоа, но ако никогаш не сте расположени, запрашајте се во што е проблемот. Време е да го изненадите вашиот партнер и да го направите првиот чекор со тоа што први ќе му предложите водење љубов.
- Почестете се себеси купувајќи си секси долна облека Да, почестете се себеси со облека која ќе го „зачини“ вашиот љубовен живот, а и вашиот партнер сигурно ќе ужива во тоа.
- Не одбивајте да бидете интимни затоа што не сте целосно мазни Кратко и јасно – баш му е гајле на партнерот заради тоа што вам ви израснале неколку влакна. Немојте да бидете премногу строги со себе.
извор:кафепауза.мк
Пожар во хотел во Прилеп- еве ги деталите
Во Полициската станица Прилеп вчера во 07.20 часот било пријавено дека во хотел на ул.„Ленин“ настанал пожар во кујната, при што изгореле повеќе кујнски апарати. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп и повредени лица нема. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
MUST HAVE: Лина Пејовска во кожен мантил од 6.500 денари
Овој период од годината е идеален за мантили, особено за оние кожените. Тие не дозволуваат ненадејните дождови да го уништат вашиот изглед.
За еден таков мантил се одлучи и младата пејачка Лина Пејовска. Истиот го искомбинира со одличен кожен ремен, кој одлично се вклопува во целата приказна.
Погледнете каде може да го најдете овој мантил, на Хаштаг.мк
Македонија останува на 68 место на ФИФА листата
Македонската фудбалска репрезентација останува на 68-то место на ФИФА ранг листата. На последното рангирање за 2019-та година, фудбалската репрезентација на Македонија останува на 68-то место на кое беше и во претходното рангирање. Но. И покрај добрите игри и резултати македонскиот фудбал барем според рангирањето се нема поместено. И минатата 2018-та година црвено-жолтите ја завршија на 68-та позиција на ФИФА листата исто како и годинава. Нашиот противник во разигрувањето за пласман на Европскиот шампионат, селекцијата на Косово е на 115-тото место на ранг листата на ФИФА. Фото за вовед: Видео: sport_fudbal_mkd_tonski.mp4Категорија: ФудбалНовинар: Игор Трпески
Дибала и Роналдо за победа на Јуве на гости кај Сампдорија
Екипата на Јувентус славеше победа со 2-1 на гостувањето кај Сампдорија во воведниот натпревар од 17.коло Серија. Сите три гола беа постигнати во првиот дел. Дибала во 19-минута им донесе водство на гостите, а Капрари во 31-та го израмни резултатот. Победничкиот гол вреден три бода за Јувентус го постигна Кристијано Роналдо во 45-минута. Јувентус сега го презеде првото место на табелата од Интер кој има три бодови помалку, а кој утревечер во Милано ја пречекува составот Џенова на Горан Пандев Фото за вовед: Видео: sport_fud_juve_tonski_0.mp4Категорија: ФудбалНовинар: Игор Трпески
Добивањето инвалидска пензија, според укажувањата на граѓаните е меѓу најкорумпираните во социјалниот сектор
Бане Најдовски повеќе од еден месец чека комисија за инвалидност да го повика за проценка на работната способност. 59-годишниот скопјанец кој има деменција, дијабет и прележал неколку мозочни удари, по петти пат ќе заврши кај лекарите за да утврдат дали заслужува инвалидска пензија. По сторијата на Сител за Бане пред 4 месеци, неговото семејство вели дека нема подобрување туку состојбата уште повеќе му се влошува.
-Еве чекаме повеќе од еден месец да добиеме покана, Порано одеше со мене до ВЦ, сега не може да станува, поголем дел од денот само лежи и ја пие терапијата, вели Лиле Најдовска, сопруга на Бане.
Освен за Бане, Сител објави стории и за Ацо Јовановски од Скопје и Љубомир Стефановски од Куманово кои поминале голгота низ институциите, но и покрај тешката здравствена состојба комисиите ги прогласиле за работоспособни. Во меѓувреме, сите тројца со години се корисници на туѓа нега која ја добиваат лица кои не можат да се грижат сами за себе. И додека Бане, Ацо и Љубомир не можат да ги остварат своите права, токму инвалидските пензии според укажувањата на граѓаните се на врвот како главни извори на корупција во социјалниот сектор. Министерката Мила Царовска најавува средување на состокбите во овој сегмент со нов систем, кој ви профункционирал за две години.
-Единствено утврдување на работна способност од едно тело, едни вештаци на национално ниво кои ќе утврдуваат дали работната способност е 50, 30 проценти и ви следи тоа и тоа право, на тој начин ќе го намалиме корумпирањето или ќе ја намалиме недовербата на граѓаните во овој систем, вели Мила Царовска, министер за труд и социјала.
Од Фондот за пензиско и инвалидско осигуруваењ под чии ингеренции се комисите за инвалидска пензија се изјаснија дека немале пропусти при одлучувањето за бане и Ацо. Од друга, стреана, лекари специјалисти потврдија дека лица со деменција и тешки последици од мозочен удар не можат да бидат способни за работа.
Фото за вовед: YouTube видео: Категорија: МакедонијаНовинар: Сања Димитровска
Најнова временска прогноза за новогодишната ноќ- на последниот и првиот ден од годината најмногу ќе му се радуваат децата
Времето овој декември е вообичаено и просечно за овој период од годината. Иако досега снег видовме само на планините кој не се задржа многу, временската за идните недели е на изненадување на сите. Според „AccuaWeather“ во остатокот од месец декември ќе имаме малку дожд, сонце, но и снег и тоа за новогодишната ноќ. Имено според прогнозата на 31 декември ќе има услови за снег, а снег ќе врне и на првиот ден од новата година.
Преку ден докторка, навечер пејачка: Симона Поповска не се знае како е посекси, во бел мантил или пред микрофон?!(фото)
Велат дека две лубеници не се носат под рака, но Симона Поповска го може и тоа. Иако има две професии, тотално различни една од друга, убавата Симона успева да биде успешна и со двете. Преку ден е во бел мантил како докторка, па иако будна од ранина, вечерта наместо да одмора, таа продолжува со работа и тоа на сцена со микрофон во рака. Кога го носи белиот мантил, иако е одмерена во стилот, таа блеска со својата маркантност и женственост, а пак на сцената плени со сексапил. На еден свој неодамнешен настап, се појави со длабоко деколте од модерно црно боди кое ја истакна нејзината става, споено со фармерки со висок стук.
Симомче бонбонче како што ја нарекуваат обожавателите, редовно добива ласкави комплименти на социјалните мрежи – заслужено нели? извор: vistina.com.mk
14 сурови вистини што ни откриваат зошто не треба да веруваме во љубов на прв поглед
Ромео и Јулија се вљубија веднаш штом првпат се видоа. Дури и безвременскиот романтичен филм „Титаник“ ја покажува магијата на љубовта на прв поглед. Но, вистината е дека љубовта на прв поглед не е нешто посебно. Науката го објаснува тоа и ако верувате во љубов на прв поглед тоа може да има негативно влијание.
- Љубовта на прв поглед е всушност заснована врз вашата лична пристрасност
Сите поседуваат несвесна пристрасност и да се суди за некој кој штотуку сте го запознале е дело на таа пристрасност. Ова е причината зошто најверојатно ќе се вљубите на прв поглед во некој што изгледа како вашиот стереотип за совршен партнер.
- Вашите хормони го будат вашиот инстинкт за размножување
Кога некој ве привлекува, вашите хормони, како тестостеронот и естрогенот, почнуваат да работат и ве тераат да бидете интимни. Во суштина, ова е начин на природата да се осигура дека човечкиот род нема да исчезне. Значи, моменталната заљубеност е само вашиот основен инстинкт за размножување.
- Вашиот мозок ослободува хормон што ве тера да сакате повеќе
Откако сте поминале интимно време со вашиот партнер, вашиот мозок ослободува допамин. Тоа е хормон кој ве тера да мислите дека вашето искуство било неверојатно и ве тера да сакате уште повеќе. Секако, вие мислите дека ова се случува само затоа што сте заљубени.
- Постои уште еден хормон што предизвикува да бидете со некој што мислите дека е посебен
Кога чувството е возвратено од некој што го посакувате, се активира серотонинот. Овој хормон прави да се чувствувате толку добро и среќно што веќе не можете да си помогнете и сте опседнати со партнерот. Бидејќи ви е тешко да размислувате за што било друго, мислите дека сте заљубени.
- Хемиската реакција во вашето тело ве тера да го гледате светот преку розови очила
Познат како „љубовен лек“, фенилетиламинот ве тера да ја гледате личноста како подобра отколку што навистина е. Тоа ве заслепува и предизвикува да ја доживувате таа личност како совршена.
- Барате награда
Чувството како да летате во облаци што ви го предизвикува заљубеноста на прв поглед е како еден вид награда. Луѓето бараат награди затоа што тие ги прават да се чувствуваат добро. Како резултат на тоа, сметате дека ви се случуваат добри работи затоа што сте со некој што ве привлекува.
- Постои хормон што ве тера да се чувствувате повеќе приврзани
Хормонот на гушкањето, окситоцинот, се ослободува откако ќе спиете заедно со некого. Колку повеќе споделувате интимни моменти заедно, толку е поголема вашата поврзаност со таа личност.
- Љубовта не настанува само поради физичкиот изглед
„На прв поглед“ значи 100% засновано врз тоа што го гледаат очите. Но, тука не игра улога само сетилото за вид. Нечиј говор на телото, мирисот, гласот и акцентот, исто така, влијаат врз првиот впечаток што некој ќе го остави кај вас.
- Кога се вљубувате, вашето тело ослободува сложен коктел хормони
На комплицираниот циклус на љубовта му е потребно време за да се развие. Малку е веројатно дека ќе го почувствувате целиот спектар хормони уште првиот пат. Но, луѓето во долготрајни врски може да мислат дека биле заљубени уште од првиот момент благодарение на нивната меморија. Тие само мислат дека се заљубиле веднаш, а тоа е заради начинот на кој се приврзани еден со друг по подолг период.
- Љубовта на прв поглед е само страст
Ако сакате да бидете со некого едноставно затоа што го сакате тоа што го гледате, тоа е веројатно само страст. Во тој случај, страста е силна желба што ја чувствувате за некого поради физичкиот изглед. Не е важно дали се чувствувате длабоко приврзани со нив.
- Љубовта на прв поглед полесно се случува со убави луѓе
Едно истражување за љубовта на прв поглед покажува дека луѓето што се наоѓаат повисоко на скалата за привлечност имаат 9 пати поголема веројатност да ги натераат другите да се чувствуваат како да се заљубени во нив само врз основа на она што го гледаат.
- Љубовта на прв поглед не е возвратена
Истото истражување покажува дека љубовта на прв поглед обично е еднострана, засновано врз извештаи од учесниците. Според тоа, може да се каже дека возвратената моментална заљубеност не е многу честа појава. Тоа може да доведе до скршено срце бидејќи некој што ве привлекува, можеби не е заинтересиран за вас.
- Заљубувањето во личност на прв поглед е слично како заљубување во предмет
Велејќи дека сте заљубени веднаш штом ќе погледнете некој е приближно исто како да се заљубувате во убава облека, во накит, во автомобили или во други материјални предмети што ги гледате првпат. Споредувањето на таков начин е понижувачко, а љубовта не треба да биде таква.
- Менструалниот циклус може да влијае на тоа кој ве привлекува на прв поглед
Неколку истражувања докажаа дека жените во плодната фаза на менструалниот циклус претпочитаат мажи со карактеристични машки црти повеќе отколку кога не се во оваа фаза. Љубовта на прв поглед може да зависи од тоа во кој период од вашиот менструален циклус се наоѓате. извор: кафепауза
Голем пожар во Барселона, 80 повредени
Околу 80 луѓе се повредени во голем пожар, кој избувнал во близина на црквата Саграда Фамилија во Барселона, соопшти локалната служба за итни случаи.
Меѓу повредените, деветмина се здобиле со полесни повреди, четворица имаат малку потешки повреди, а едно лице се наоѓа во критична состојба. Останатите биле прегледани од медицински екипи на самото место.
Огнот зафатил една станбена зграда, а чадот се проширил низ соседните улици.
За гаснење на пожарот се ангажирани 12 противпожарни екипи, а голем дел од улиците во реонот се затворени за сообраќај.