Сексуалниот однос е доста интимен момент кој ги зближува партнерите и ја прави врската целосна. Меѓутоа постои уште еден фактор, кој според најновите истражувања гарантира долга и квалитетна врска. Докажано е дека жените по сексуалниот однос сакаат да се галат, додека кај мажите значително паѓа енергијата и единствено за што размислуваат е добар сон. Но, токму времето што го поминувате заедно во постелата по сексот е од голема важност за здрава и квалитетна врска, појаснуваат експертите. Истражувањето што го спроведе американската агенција за проучување на односите кај луѓето и односите помеѓу мажите и жените потврди дека бакнежите, прегратките и разговорот помеѓу партнерите веднаш по сексот е фактор што партнерите никогаш не би смееле да го занемарат. За време на сексуалниот однос телото лачи окситоцин, хормон за задоволство кој останува покачен и по сексот. Физичките контакти во тој период може да будат страст помеѓу партнерите и на тој начин да го продлабочат и да зајакнат односот. Тоа е доста важно, посебно поради динамичниот начин на живот и секојдневниот стрес поради што голем број двојки ја занемаруваат интимата и на тој начин го расипуваат односот и воопшто врската. Само десетина минути галење по сексот го симнува крвниот притисок, ослободува од стрес, го намалува чувството на болка, но ги буди и страстите.
Мал трик за долга и среќна врска
Грабеж во аптека во Скопје
Вчера во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул.„Кирил и Методиј“ во Скопје едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Едно семејство“ под покровителство на првата дама
Фото за вовед: YouTube видео: Категорија: Македонија
Доаѓаат дожд и снег: Какво време не` очекува до вторник?
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните часови и ќе дува засилен јужен ветер, на места над 70км/час. Утре врнежите ќе бидат претежно во западните делови, а во недела насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25л/м2) во форма на невреме. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а на планините снег. Ќе дува засилен северозападен ветер. Погледнете какво време не` очекува до вторник.
Гледачи згрозени од новиот хорор на Нетфликс: Не се заеб**ај со мачките
Нoвата документарна серија „Don’t F**k With Cats“ (Не се заеб**ај со мачките), на Нетфликс, е толку вознемирувачка, што некои, наводно, по само неколку минути гледање морале да сменат канал. Документарецот во три дела говори за канадскиот убиец психопат Лука Магнота, кој 2010 година објавуваше снимки на интернет како убива животни. Потоа тој, на интернет-страница за состаноци најде и човечка жртва – кинескиот студент Лин Џун, кој заврши исто како и животните. Магнота го убил и го исецкал на делови. „’Don’t F**k With Cats’ e една од најужасните, најстресни, најнеочекувани ТВ емисии што кога било сум ги погледнал во животот“, „Штотуку завршив со гледањето на ’Don’t F**k With Cats‘ и по неа јас веќе не знам каде сум”, „Длабоко сум вознемирена, но и натаму не можам да престанам да гледам”, се дел од реакциите на твитерџиите. – Она што мене ми е фантастично кај оваа документарна серија е тоа што сè се одвива како во трилер-филм, рече режисерот Марк Луис. Канаѓанецот Лука Магнота во 2014 година го призна и убиството, но неговата одбрана тврдеше дека тој има шизофренија. Осуден е на доживотен затвор.
НЕОБИЧЕН ОГЛАС: Милијардер бара 10 луѓе да живеат со него на рајски имот
Германскиот милионер Карл Рајпен трага по десет лица кои би живееле со него на неговиот имот во Нов Зеланд, кој тој го опишува како рај на земјата. Откако со години таму живеел сам, посакал друштво. Рајпен, кој своето богатство го стекнал со продажба на конзервирано замрзнато кафе, веќе два пати во последните седум години објавил оглас во локалните весници во кои ги бара наведените луѓе.
#breakingnews #enews Karl Reipen German Millionaire seeks people to live with him https://t.co/nGfzlJfy3p
— Daily Entertainment (@dailyenews) December 19, 2019
На неговиот имот во Нов Зеланд, вреден 8,5 милиони долари, има штала, винарија и затворена арена, а комплетниот имот е сместен на западното крајбрежје на оваа држава. -Може да живеат во куќи за две лица и да делат преубава винарија за состаноци и ручек. Можете да уживате во проштека, риболов, купување, возење со кајак, набљудување на птици, пливање или гледање убави животни, рекол Рајпен. Тој ги повикал сите до 70 години да се пријават и додал дека се добредојдени и оние кои имаат сопствени коњи. -Доколку сте заинтересирани да живеете со група интересни луѓе, тоа за вас може да биде нешто сосема ново, додал Рајпен во рекламата.
Најголемата 3Д печатена зграда во светот е готова после 2 недели печатење
3Д печатењето брзо зема замав како евтин и одржлив начин на градење и се почесто го избираат архитекти од целиот свет. Всушност, бостонската компанија Apis Cor, позната по својата 3Д печатена архитектура, штотуку ја комплетираше изградбата на најголемата 3Д печатена зграда во светот. Зградата се наоѓа во Дубаи, има површина од 650 квадратни метри и беше изградена за само две недели.

Apis Cor стана лидер во светот на 3Д печатењето. Од минијатурни домови во Москва со евтини домови во Калифорнија и Луизијана, врвните техники на оваа компанија се користат за разни видови проекти. Иако компанијата работи во секакви услови по целиот свет, суровата клима во Дубаи ги стави на тест стандардните методи на печатење.

Дубаи е познат по екстремната клима, каде што температурите лесно се покачуваат или паѓаат. Затоа материјалите кои се користат за печатење мора за издржат есктремен студ и пеколна горештина. Освен тоа, работењето на толку голем проект било предизвик само по себе.

Со оглед на површината, за изградба на ваква зграда на конвенционален начин би биле потребни огромни скелиња, но бидејќи 3Д печатачот на Apis Cor со големина на автомобил е мобилен, зградата е направена на лице место и поефикасно отколку традиционални градежни проекти.

Зградата ќе биде седиште на административни канцеларии за властите на Дубаи и има бела фасада која ја рефлектира сончевата светлина. Комбинацијата од бетон и гипс за печатење на зградата и обезбедува природна изолација, па во внатрешноста температурата ќе биде пријатна во текот на целата година.
The post Најголемата 3Д печатена зграда во светот е готова после 2 недели печатење appeared first on Иновативност.
Првпат по два века Нотр Дам без божиќна миса
Француската катедрала Нотр Дам оваа година нема да одржи божиќна полноќна миса, што е првпат за повеќе од два века.
Во катедралата, која во април годинава беше тешко оштетена во голем пожар, миси за Божик се одржувале и за време на двете светски војни.
– Ова е првпат од Француската револуција да нема полноќна миса, изјави пасторот на катедралата Патрик Шове.
Поради обновувањето кое ќе потрае, мисите се одржуваат во цркавата Сен Жермен И’Асероа, каде времено се префрлени некои реликвии од катедралата Нотр Дам.
Нотр Дам, еден од симболите на христијанството, но и културно богатство на целото човештво, секоја година го посетуваат повеќе милиони луѓе.
10 знаци дека не сте создадени еден за друг
Осаменоста е ситуација во која не сакате да се најдете, особено кога сите околу вас се во врска или во брак. Но, од друга страна, да бидете во врска само за да не бидете сами е полошо од осаменоста. Ако љубовниот пар не е компатибилен, проблемите брзо ќе почнат да излегуваат на површина, а тоа може да резултира со постојани кавги и со привремени раскинувања, а во екстремни случаи доаѓа и до психичка или физичка агресија. Поради тоа, најдобро е да ги идентификувате работите што ве повредуваат и да ставите крај на тоа. Погледнете кои се најчестите знаци што покажуваат дека вие и партнерот не сте создадени еден за друг.
- Заедно сте само за да не се чувствувате осамено
Дали некогаш сте се нашле во ситуација да бидете со некого толку долго време, што се плашите дека нема да можете да функционирате без него. Ако тоа е единствената причина зошто сте во врска, тогаш треба да ја прекинете. Сè додека не научите да се сакате самите себе, нема да можете да сакате некој друг.
- Партнерот ви е најголем критичар
Кога сте во врска, партнерот треба да ви биде поддршка во секоја ситуација во којашто ќе се најдете. Ако постојано ве критикува, тогаш нешто не е во ред во врската.
- Немате слична смисла за хумор
Светот може многу брзо да се претвори во тажно место ако немате со кого да се смеете. Тоа не значи дека треба да се смеете на секоја изговорена реченица, но не е здраво да бидете со некој што постојано е намрштен и на кој ништо не може да му предизвика насмевка на лицето.
- Заљубени сте во фантазијата
Можеби уште пред почетокот на врската го идеализиравте партнерот и го замислувавте како некоја добра и грижлива личност што би направила сè за вас. Но, кога ја започнавте врската, брзо сфативте дека реалноста е многу поразлична од фантазијата. Меѓутоа, не сакате да го признаете тоа, а таквото мачкање на очите ќе ве повреди уште повеќе, па можеби е време да размислите дали сте сонувале за токму таква врска.
- Не сакате да го запознаете со вашето семејство
Ако долго време сте во врска, запознавањето со семејството на партнерот и обратно е неопходна работа. Но, ако упорно го избегнувате тој настан или ако партнерот постојано бара изговори, тогаш тоа не е добар знак. Прво размислете зошто е тоа така, а потоа преземете ги потребните мерки.
- Зборови, но не и дела
Иако ви кажува дека ве сака, неговите постапки не го покажуваат тоа. Најлесно е да се кажат овие два збора, но ако тие зборови не се придружени со внимание, со нежност, со почит и со разбирање, тогаш тоа „те сакам“ и нема некое големо значење. Дури и кога ќе го прашате партнерот дали е сè во ред, тој ќе ви одговори дека е, само за да не навлегува во какви било расправии.
- Имате далечни и различни лични цели
Вие сакате да имате деца, а тој не. Тој би сакал да се пресели во друга земја во потрага по подобра кариера, но вие не сте подготвени за тоа. Многумина лесно можат да најдат компромис, но кога вашите цели и желби се сосема различни, единственото нешто што можете да го направите е да си нанесете болка.
- Покрај него се чувствувате несигурно
Наместо покрај него да се чувствувате задоволно и самоуверено, вие сте вознемирени и несигурни кога треба да ја соопштите вашата одлука или едноставно кога ќе сакате да ги искажете своите ставови и мислења. Поради стравот од тоа што ќе мисли или што ќе каже партнерот за вас, вие претпочитате да ги премолчите тие работи.
- Постојано размислувате за претходните врски
Ако сте во врска и постојано размислувате каде би биле сега доколку останевте заедно со поранешното момче, можеби е време да ја анализирате вашата врска, особено ако во повеќето фантазии мислите дека би биле многу посреќни со поранешниот партнер.
- Треба да се промените за да не ве напушти
Во светот не постои ниту еден пар што е целосно задоволен од ставовите или од однесувањето на партнерот. Сепак, тоа не е причина партнерот да ве третира како домашно милениче што ќе може да го тренира, да го обликува и да го менува според своите желби. Извор: Кафепауза.мк
Скопјанка со лажна потврда подигнала кредит од 900.000 денари
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Ј.(56) и В.Л.(36), двете од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавените заедно изготвиле лажна Потврда за редовен работен однос во фирма во Скопје за првопријавената М.Ј., со што во банка во Скопје лажно прикажала дека е кредитноспособна. После тоа, М.Ј. подигнала кредит од 900.000 денари.
Крвава семејна драма во Тафталиџе, еден убиен, друг ранет
Вечерва во скопската населба Тафталиџе се случило убиство, а како што наведуваат од МВР, причините за убиството се нарушени семејни односи и нарушени имотно – правни односи.
„Околу 19,40 пријавено е дека во продавница на ул. „Московска“ (непосредно до Зелен Пазар – Тафталиџе), извршено е убиство од страна на сопственикот на продавницата – В.Ш. (55), кој по расправија, со пиштол пукал кон С.Д. (55), негов зет за сестра, кој починал на лице место, а Ф. Д. (25), внук од сестра, е погоден со куршум во десната нога и е пренесен во Ургентен Центар, каде му се укажува лекарска помош, информираат од МВР.
Сторителот е приведен.
Николоски: Дали Зоран Заев ќе сведочи во Рекет, не сме виделе дека е поканет
Има ред како се пријавува во обвинителство. Тој тврди дека го пријавил овој кривично правен настан. Ако го пријавил овој кривично правен настан треба да има белешка, втора важна работа е дали Зоран Заев ќе сведочи во Рекет, не сме виделе дека е поканет да сведочи во Рекет, а некако ни самиот не прифаќа еве јавно нека излезе и нека каже еве би сакал да сведочам и да кажам што знам, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија АлсатМ на емисијата 360 степени. Тој укажа дека Заев едноставно не сака да се појавува во судкиот спор. -Обвинителството не сака да го викне за сцедок зошто им е страв. Обвинителот го именува собраниското мнозинство. Овие кои се жртва се уплашени зошто е власт. Он треба да каже дека сака да сведочи. Но, не го прави тоа зошто лесно може од сведок да одди во обвинет и затоа се обидива вака да се испере, мене ќе ми поднесува тужби, ќе кажува дека тој пријавил, а не пријавил и да не се појавува во судскиот спор, посочи Николоски. Тој рече „не сакам да прејудицира дали има докази кои водат директно до него, до Заев, тоа е работа на судот и обвинителството, еве мислам дека има такви материјали“.
Еврогол на Коларов за победа на Рома
Лесна и убедлива победа на Рома од 4-1 на гостувањето во Фиренца на стартот од викенд колото во Италија.
Совладана Фиорентина со преирасните голови на Џеко и Коларов на стартот од средбата.
Во листата на стрелците во римскиот тим се запишаа уште и Пелегрини и Заниоло додека единствениот погодок за домашниот тим го постигна хрватскиот интернационалец Милан Бадељ.
Џафери: Посебноста на секоја заедница поодделно е заштитен знак на нашата земја
Бескрајни се можностите за взаемна поддршка и соработка кога се работи за традиционално искрени и добри пријателства засновани на вистински вредности и чиј мост на поврзување се граѓаните од двете земји, таквите релации можат да бидат само посилни и се разбира во корист на граѓаните, порача претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, во своето обраќање на Симпозиумот „Изгубените вредности на турската култура на Балканот и Источна Европа“. Тој посочи дека му е чест што во негово име и од име на пратениците во Собранието има можност да го поздравам отворањето на овој значаен симпозиум на кој е присутне и претседател на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, како и да им го честита 21 декември, Денот на наставата на турски јазик во Република Македонија на нашите сограѓани припадници на турската заедница. – Сакам да нагласам дека богатството на мултиетничките општества е токму во богатството од јазици, култури, традиции и се разбира, вредности кои претставуваат идентитет и посебност на секоја заедница поодделно и се нејзин заштитен знак а во нашата земја, тоа се рефлектира на одличен начин, рече Џафери. Собранието на Република Македонија и Големото национално собрание на Република Турција, додаде, ги карактеризира плодна соработка и тоа, како на билатерално ниво, така и на мултилатерално ниво, во рамките на меѓународните парламентарни собранија каде што се членки двата законодавни дома. – Се надевам дека взаемните средби и посети на највисоко државно ниво ќе резултираат со договарање и склучување на уште стотина други договори кои се неопходната законска рамка за непречено одвивање на политичките, економските и сите други односи, при што, со задоволство ќе констатирам дека за пријателските, роднински и сите односи помеѓу обични те граѓани на двете земји, не траба ништо да се додаде, односно, врските се толку силни, историски, традиционални и топли, што можат да послужат за пример за сите држави во регионот, рече Џафери. Потсети дека земајва е силно посветена на евроатланската интеграција и на промоцијата и споделувањето на заедничките вредности и одговорности на НАТО, како негова 30-та земја-членка. -На тој пат кој што набрзо ќе се круниса, сме имале безрезервна поддршка од сите земји членки и затоа, сакам да ја искористам оваа можност и присуството на колегата Шентоп и да изразам благодарност до турското Собрание за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО, што е чин на искрена поддршка, а покрај тоа, ќе биде продолжување на соработката во полето на одбраната, потенцира Џафери.
Тажна вест: Почина младата режисерка и актерка Милиана Ленак
Актерката и режисерка Милиана Ленак (Додевска) почина вчера во Скопје. Имаше 41 година. Ленак е основач на скопскиот Буден театар, кој создава претстави за деца, а беше и на чело на Меѓународниот детски театарски фестивал Фенер, чие шесто издание завршува токму денеска. Таа е дипломец на театарската академија Крсто Сарафов во Софија, а постдипломираше режија на Меѓународната школа на ФАМУ во Прага. Буден театар од 2015 дава поддршка на децата кои бегаат од војна, преку креативни активности. Во 2017 Ленак ја режираше претставата „Писмо никому“, работена по текст на светски признатиот холандски автор на детска литература Тоон Телехан, а создадена од децата бегалци кои беа сместени во транзициските центри на Табановце и кои не смееја да излезат оттаму, и деца од основното училиште „Кочо Рацин“ од Скопје. „Ова е претстава која децаа ја обожуваат, поради авторот и поради апстрактниот и апсурдистички начин на комуникација и хумор, нетипичен за мaкедонскиот театар за деца, што поставува нови стандарди во креирањето за детска публика“, рече тогаш Ленак за САКАМДАКАЖАМ.МК. Извор: СДК.МК
Семејството на принцот Хари ќе го помине Божиќ во Канада
Кабинетот на принцот Хари потврди дека тој и неговото семејство ќе бидат во Канада за Божиќ, јавија медиумите. Престолонаследникот, неговата сопруга Меган и нивниот 7-месечен син Арчи ќе го пропуштат традиционалниот божиќен собир организиран од кралицата Елизабета во нејзината замок Сандрингам. Синоќа, официјалните претставници на Бакингемската палата потврдија дека семејството на Хари е во Канада, но не дадоа дополнителни детали. Пред да се омажи за Хари, Меган живееше и работеше во Канада. Премиерот на Канада, Џастин Трудо, го пречека семејството со твитот. „Принц Хари, Меган, Арчи, на сите ви посакуваме мирен и пријатен престој во Канада“, напиша тој. „Вие сте тука меѓу пријатели и секогаш сте добредојдени“, додаде Трудо. Двојката се одмора од кралските должности, пренесува Асошиејтед Прес. Хари рече дека тој и неговиот брат принцот Вилијам во моментот биле на различни места. Хари исто така изрази незадоволство што медиумите биле претерано опседнати за животот на неговото семејство.
Сè што треба да знаете за покачена телесна температура кај децата
Многумина родители веруваат во митовите дека покачената телесна температура може да му наштети на детето. Не постои мајка на светот која не ја поминала ноќта покрај своето дете, проверувајќи му ја телесната температура на секој час. Но, што велат лекарите? Температурата во најголемиот број од случаите е безопасна, а многу често и корисна. Еве што педијатрите би сакале родителите да знаат за покачената телесна температура кај децата. Мит – Детето е топло на допир, сигурно има температура Вистина: Децата можат да бидат топли од многу причини – кога се играат, плачат, кога ќе се разбудат, кога ќе станат од топлиот кревет, доколку во просторијата е премногу топло, но тоа не значи дека детето е болно. Во повеќето случаи, температурата на кожата се враќа во нормала по дваесетина минути. Мит – секоја температура е лоша за детето Факт: Температурата „го чува“ имунитетот, помагајќи му на организмот да се избори со инфекцијата. Доколку детето е болно, покачената температура е знак дека телото се бори против инфекциите. Мит – температурата повисока од 40 степени е опасна и може да предизвика оштетување на мозокот Вистина: Tемпературaта која ги следи вообичаените инфекции не предизвикува оштетувања на мозокот. Ова може да се случи доколку температурата надмине 42 степени, но тоа се случува многу ретко. Телесната температура надминува 42 степени кога внатрешната температура е превисока. Мит – се прави превенција на температурата со лекови уште кога ќе почне Вистина: Се консумираат таблети кога температура ќе надмине над 38,5 степени. Мит – доколку не се реагира, температурата ќе продолжи да расте Вистина: Mозокот знае кога телото е жешко. Во најголем број од случаите, кога се во прашање вообичаени инфекции кои се проследени со температура, таа нема да надмине 39,5 или 40 степени. Мит – доколку таблетите ја намалат температурата, нема да се зголеми пак Вистина: Кај повеќето вирусни инфекции, температурата трае два до три дена. Температурата ќе остане нормална сè додека трае дејството на антибиотиците, а потоа ќе продолжи да расте и можеби ќе биде потребно детето да прими уште една доза по препорака од лекарот. Мит – доколку температурата е висока, станува збор за нешто сериозно Вистина: Самата температура не зборува ништо за сериозноста на проблемот. Доколку детето изгледа и се однесува како да му е лошо, тоа укажува дека инфекцијата не е толку опасна како она што го покажува топломерот. Наредниот пат кога вашето дете ќе има покачена телесна температура, сетете се дека температурата му помага на организмот да се бори со инфекциите . извор: kajgana.com
Ламбе Алабаковски објави радосна вест
Некогашниот македонски пејач Ламбе Алабаковски и неговата сопруга Maгдалена чекаат втор син. Тој на социјалните мрежи ја сподели радосната вест, а неговите следбеници упатија безброј честитки и искрени желби за радост и среќа. Тој е оженет со Магдалена со која го имаат синот Михаил и живеат во Детроит, САД.Некогашната музичка ѕвезда во минатото важеше за вистински заводник кај понежниот пол веќе неколку години не живее во Македонија, но не се занимава и со музика.
Постигнат начелен договор меѓу ЕУ, Украина и Русија за транзит на гасот
Русија и Украина под покровителство на ЕУ синоќа постигнаа договор за принципите за транзит на гасот, најави еврокомесарот Марош Шефчович, олеснувач на преговорите меѓу Киев и Москва.
Последната рунда на овие трилатерални преговори заврши без договор и со малку надеж за пробив, но вчера Европската Комисија изрази задоволство што е постигнат консензус за „клучните елементи“.
Преговорите за транзит на рускиот гас преку Украина до европските земји се фокусирани на изнаоѓање договор помеѓу рускиот Гаспром и украинскиот Нафтогас, чиј рок завршува на крајот на оваа година.
Иако европските земји имаат доволни резерви за одреден временски период, ЕУ стравува од неизвесност околу протокот на гас во зимскиот период посебно.
Шефчович синоќа го поздрави постигнатиот начелен договор, деталите ќе се преговараат во текот на денешниот ден.
Зошто мажите изневеруваат во брак, а не сакаат развод
Тешко е да се замисли причината зошто мажите изневеруваат во брак и немаат намера да ја напуштат сопругата. Прашањето зошто мажите во брак изневеруваат, оди рака под рака со взаемно почитување. Изневерувањето е болно прашање што го уништува бракот, без разлика дали е физичко или емотивно. Има многу мажи кои извршуваат неверство и бираат потоа да останат во брак и покрај неверството. Еве три можни причини зошто мажите во брак изневеруваат иако немаат намера да се разведат:
Ја сакаат својата сопруга и покрај сè
Сепак, им треба нешто повеќе за да се чувствуваат добро, може тоа да биде возбуда, поддршка, секс или друга потреба што веруваат дека нивните жени едноставно не можат да им ја обезбедат. Во некои случаи, мажите прво ја замолуваат сопругата да им го обезбеди она што ним им е потребно. Кога сфаќаат дека се одбиени, она што им фали го бараат кај друга жена. Во други случаи, мажите не ги прашуваа своите сопруги, верувајќи или пак плашејќи се дека ќе бидат осудени за нивните потреби и би биле одбиени на непријатен начин.
Се плашат дека ќе ја повредат својата сопруга
Повеќето мажи кои изневеруваат мислат дека доколку сопругата дознае за нивното неверство, таа би била многу повредена. Тие се обидуваат да ги прикријат своите недозволени односи, но многу жени можат интуитивно да ги забележат знаците кои покажуваат кон тоа дека нивниот сопруг ги изневерува. И покрај причините зошто мажите изневеруваат, тие не сакаат да ја признаат својата афера затоа што веруваат дека тоа би предизвикало непотребна болка за сопругата.
Не сакаат да се справат со финансиските проблеми на разводот
Мажите кои изневеруваат стравуваат дека сопругата ќе се разведе од нив кога ќе се открие аферата. Сепак, наместо да ја прекинат таа лоша навика на изневерување, тие продолжуваат со своите афери.